Услуги

Свадби

 

Драги младоженци,

 

Добредојдовте во Вашиот ден од бајките, за тој ден засекогаш да Ви остане во Ваше најубаво сеќавање, нашиот персонал ќе се погрижи за сите детали.

Во цената е вклучено декорирање на салата (простор за сликање, влезот на салата, столици, маси, невестинска маса, бројки на масите во неколку бои), невестинска торта на три спрата, пенливо вино за здравица на почеток на прославата за младоженците, две хостеси за спроведување на гостите до нивното место и уште неколку изненадувања.

За мадоженците има соба каде тие можат да се подготват, одморат или остават нешто. Собата ја имаат на располагање се додека трае прославата.

Се за вашите најважни моменти – Ресторан Амор

 

 

Бизнис конгреси

 

Почитувани деловни партнери,

 

Ресторан Амор овозможува организирање и на бизнис конгреси, презентации и се што е поврзано со вашиот бизнис, за да биде претставен во најдобро издание во сала која е со големина од 900м2, која може да биде и помала, нуди врвна палета на услуги и производи.