Ресторан Амор е нов луксузен ресторан за свадби, но и други свечености, како: веридби, крштевки, матурски, апсолвентски, празнични прослави, бизнис конгреси и сл.
Ресторанот е отворен на 10.09.2014 година и се наоѓа во општина Кисела Вода, на бул. Борис Трајковски бр. 210 или поранешна улица Првомајска, на само 5км од плоштадот на Скопје.
Ресторанот се простира на 1200м2 од кои 150м2 е фоајето, 900м2 е салата и кујна од 150м2. Капацитетот на салата е од 220 до 500 гости, но има можност и за преградување на дел од салата со што се добива поинтимен дел за помалку од 220 гости.
Располагаме со паркинг до 100 возила.
Се за вашите најважни моменти
Ресторан Амор